Црна хроника
Сопстеник на кафеана во Кичево бил дилер на хероин
Кичевската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Е.(47) од Кичево, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Пријавениот, пред извесно време заради натамошна продажба неовластено набавил наркотична дрога „хероин„ во вкупна количина од 2 килограми и 275 грама. На 19-ти ноември годинава, целокупната количина ја пронајдоа оперативците од кичевската полиција кои по добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба, извршија претрес во угостителскиот објект „Антика“ сопственост на пријавениот, лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево.Oпојната дрога била спакувана во пет пакувања односно две најлонски кеси и три пакувања облепени со кафеави самолепливи ленти врз која е извршено вештачење.Пријавениот, во чиј угостителски објект е пронајден хероинот, е лице добро познат на службата против кого и досега се поднесувани кривични пријави по неколку основи за што бил и правосилно осудуван на затворски казни. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.