Црна хроника
Апелација ја укина ослободителната пресуда за Тупурковски

Апелациониот суд ја укина ослободителната пресуда за поранешниот лидер на партијата „ДА“ и директор на Агенцијата за обнова и развој, Васил Тупурковски, јавува порталот Академик.
Повисокиот суд ја прифати жалбата на обвинителството со образложение дека ослободителната пресуда за Тупурковски и второобвинетиот Јован Андонов донесена од страна на судија Гордана Спиревска е нејасна, неразбирлива и противречна сама на себе.
Со ова предметот „Тајвански кредити“ се враќа на повторно судење.
Обвинителството ги товари Тупурковски и Андонов за злоупотреба на службена положба и овластување, односно дека со одобрување на средства (договори кои биле склучени со 8 фирми) од тајванските кредити ја оштетиле државата за 172. 304.092 денари.
Предметот инаку веќе еднаш беше вратен на повторно одлучување откако Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда на Основниот суд 1, со која Тупурковски беше осуден на казна затвор во траење од 3 години и надомест на штетата на Република Македонија во износ од 89.008.917,00 денари. Јован Андонов беше осуден на казна затвор од 2 години. Солидарно беа осудени да и го надоместат износот од 61.992.398,00 денари на Република Македонија и да ги платат трошоците за кривичната постапка.
Пресудата донесена од страна на судијата Јани Нича беше укината поради утврдување на повреди во постапката. Жалбата на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција беше отфрлена како беспредметна./крај/ак/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.