Црна хроника
Жител на Дебарца загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за селото Годивје.
Од здобиените повреди, на лице место починал четириесет и тригпдишниот Лазо Н. од селото Издеглавје општина Дебарца. Тој, управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ со охридски регистарски таблици по магистралниот пат од Охрид кон Кичево, во близина на спојката кон локалниот пат за селото Годивје, изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски sид од шахта за атмосферска вода која, на тој потег од патниот правец била во изградба. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. По овластување на јавниот обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршија увид на лице место. По наредба на јавниот обвинител, денес врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничкото моторно возило.За време на увидот, што траеше до 20 часот, патниот правец не беше запрен за сообраќај./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

