Регион
Милановиќ: Католичката црква се вмеша во постизборниот процес во Хрватска

Хрватскиот премиер во заминување и лидер на Социјалдемократската партија (СДП), Зоран Милановиќ во средата предупреил дека „земјата се наоѓа во сериозна и непријатна ситуација, на работ на демократските процедури“, истовремено обвинувајќи за Католичката црква за мешање во постизборниот процес, пренесува N1.
По 24 часа од драматичниот пресврт на хрватската политичка сцена, кога шефот на независната листа Мост неочекувано во преговорите се сврте кон формирање на владина коалиција со Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Милановиќ со став дека никој од неговата коалиција не ги врбувал претставниците на Мост. Лидерот на СДП додал дека не знае кој ќе биде мандатар за состав на следната влада, додавајќи дека одговорот на ова прашање треба да се бара кај хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ.
„Поради достојноста на процесот и довербата во државните институции за ова би требало да се праша претседателката, која верувам се наоѓа под огромен товар, но истовремено на јавноста и должи одговор“, рекол Милановиќ, додавајќи дека со ова прашање треба да се соочат и „сите актери во оваа политичка игра“.
Милановиќ исто така изјавил во целиот процес е вмешана и Католичката црква, која според него „говори повеќе отколку што од нејзе се очекува“. Запрашан дали е подготвен за понатамошна борба, тој рекол дека не се случиле да не е подготвен, но дека нажалост на спротивната страна има работа со луѓе кои се подготвени на се.
Претходно, лидерите на ХДЗ и Мост, Томислав Карамарко и Божо Петров најавија дека до хрватската претседателка Грабар Китаровиќ доставиле список со потписи од пратениците потребни за формирање на мнозинство во хрватскиот Сабор, односно од вкупно 78 пратеници./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин