Црна хроника
Малолетник силувал баба во Штип

Петнаесетгодишниот Ч.Р. од Штип е осомничен дека во средата извршил обљуба врз 90-годишна штипјанка.
Според информациите од полицијата, Ч.Р. насилно влегол во домот на штипјанката, физички ја нападнал, нанесувајќи и повреди на главата и извршил обљуба.
На заминување од нејзината чанта украл 300 денари и побегнал во непознат правец.
Осомничениот е штитеник на воспитно поправниот дом „Ранка Милановиќ“ и во моментот користел слободни денови. Тој и претходно кривично бил пријавуван за вакви дела.
За последниот инцидент против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.