Црна хроника
Пресуди за случајот „Бришач 1“
Судот во четврток треба да ги соопшти пресудите за случајот „Бришач 1“, во кој што се обвинети 27 лица.
Тие се товарат за местење на сообраќајки кои не се случиле, правење на лажни извештаи за наводните сообраќајки за да им биде исплатена отштета од осигурителните компании.
Обвинетите се полициски службеници односно раководители на увидни екипи на МВР при Одделението за вршење увид на сообраќајни незгоди, како и виши крим-техничари за сообраќај.
Криминалната група ги оштетила осигурителните компании за два милиони денари или за над 30.000 евра. Групата работела од 2007 и случаите на лажирани сообраќајки биле скоро идентични меѓу себе. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.
Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.
Топ
Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница
СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Како што информираат од полицијата, на 11 ноември 2025 година, 72-годишна жителка на селото Буково била жртва на телефонска измама. Лице кое се претставило како полициски инспектор ѝ се јавило и лажно ја известило дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување дека е потребно итно плаќање, жената оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на однапред договорена локација во Битола.
Откако подоцна утврдила дека информацијата е невистинита, случајот бил пријавен во полиција, по што биле преземени истражни мерки.
Осомничениот бил лишен од слобода на 24 јануари 2026 година на граничниот премин Ќафасан, при што во целост го признал делото. Истражната постапка продолжува во надлежност на Основното јавно обвинителство Битола.
Топ
Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил
Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешакот И.Ф.. Од незгодата, со повреди се здобил пешакот, кој е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно – загрозувачка состојба, појаснија од МВР.
Како што додадоа, известен бил дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

