Европа
Мешков: ЕУ не смее да го притиска западен Балкан со изборот ЕУ или Русија

Европската унија не би смеела да ги злоупотребува амбициите на земјите од западен Балкан за придружување за да ги принудува да избираат меѓу ЕУ и Русија, изјави во саботата на последниот ден од деветтиот Кроација Форум, на кој присуствува и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, заменикот руски министер за надворешни работи, Алексеј Мешков.
„Од земјите во регионот не би требало да се бара да избираат меѓу Европа и Русија“, изјавил Мешков гласно порачувајќи дека „интеграцијата на западен Балкан не би смеела да создаде нова линија на разграничувања во Европа“. Во контекстот на настаните во Украина, додал заменикот на министер на руската дипломатија, Европската унија исто така не би смеела да ги притиска земјите од западен Балкан да им се придружат на санкциите против Русија.„Исто така, неприфатливо е дека се притискаат да ги признаваат границите кои се исцртани со сила“, порачал Мешков.Истакнувајќи дека Русија е за интеграциите, како и дека и таа е во процес на интеграции, рекол дека на сите им е потребно „повеќе интеграции и соработка во Европа“, потсетувајќи на идејата на рускиот претседател Владимир Путин за „заедничкиот економски и хуманитарен простор“. ЕУ интеграции на земјите од регионот е добра работа, подвлекол Мешков и укажал дека состојбата во некои земји, меѓутоа, е „нестабилна и непредвидлива“. „Која земја следна ќе влезе во ЕУ, зависи само од Унијата и од аспирантите, но тешко сето тоа ќе се случи во блиска иднина“, оценил Мешков.Заменикот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров не ја пропуштил можноста по изјавата до петокот на неговата колешка, заменичката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд дека Хрватска во областа на енергетиката би требала да донесе „паметни одлуки“, да понуди и свое видување на американскиот притисок за ослободување на земјите од ЕУ и регионот од зависноста од руските енергенси. „Мислам дека тука никој не се сомнева во важноста од воспоставување дополнителни енергетски правци за снабдување од Русија кон Европа. Една од важните задачи е развојот на прекуграничните инфраструктурни проекти како што е Јужен тек“, рекол Мешков.Изразил жалење што сѐ уште, како што истакнал, постои политички пристап кон споменатиот извонредно важен проект, потсетувајќи дека дијалогото ЕУ – Русија за правните и техничките аспекти за изградба на гасоводот Јужен тек се буквално блокирани.„Очекуваме од партнерите од земјите во регионот во врска со Јужен тек да бидат поактивни во дијалогот со Европската комисија. Во спротивно, ќе изгубат можност за големи вложувања и илјадници работни места“, порачал заменикот руски министер за надворешни работи истовремено истакнувајќи потсетувајќи дека австриската енергектска компанија OMV јасно се определил за Јужен тек.На тркалезната маса за западен Балкан и ЕУ, како што оценуваат известувачите на агенциите од Дубровник, Мешков јасно дал до знаење дека Русија е „максимално отворена за соработка со земјите од западен Балкан“, како и дека Русија и ЕУ заедно би можеле да развиваат проекти во регионот./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Телото на папата Франциско денеска ќе биде преместено во базиликата

Телото на папата Франциско утрово ќе биде пренесено во базиликата Свети Петар. Церемонијата започнува во 9 часот, соопшти Ватикан.
Телото на папата моментално е положено во ковчег во капелата на Домот Света Марта, каде што живеел за време на неговото папство.
Ватикан вчера соопшти дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот на плоштадот Свети Петар. Тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим.
На последното збогување ќе присуствуваат стотици илјади верници, како и странски лидери како американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Европа
Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини „киевскиот режим“ дека користи жив штит, објави Медуза

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќе пати напаѓала цивилни цели во Украина, тврдејќи дека цел на овие напади биле украински војници и воена инфраструктура лоцирани во станбени и комерцијални области, пренесува Медуза.
Во изјава за новинарот на државната телевизија Павел Зарубин, рускиот претседател директно се осврна на рускиот напад на 13 април во центарот на Суми, во кој загинаа најмалку 35 луѓе, а повеќе од 125 други беа повредени. Путин рече дека нападот бил насочен кон украинските војници собрани тоа утро за да им бидат врачени награди за нивното учество во упадот во рускиот регион Курск:
„На пример, сите знаат за нападот на нашите вооружени сили врз Конгресниот центар на Универзитетот Суми. Дали е тоа цивилен објект? Да. Но, таму одржуваа церемонија на доделување награди за оние што извршија злосторства во регионот Курск – и членови на украинските вооружени сили и националисти. Тоа се луѓе кои ги сметаме за криминалци и кои заслужија одмазда за нивните дејствија, вклучително и во граничниот регион. Но, дали е тоа цивилен објект или не, режимот во Киев ги користи овие цивилни објекти“.
Во неговиот разговор со Зарубин, Путин ги спомна и претходните руски напади во Одеса врз земјоделската инфраструктура, тврдејќи дека украинските власти „заедно со нивните странски ментори“ развиваат и тестираат нова ракетна технологија на локацијата.
Дополнително, Путин опиша напад врз ресторан во кој наводно се собирале воени злосторници – очигледно упатување на рускиот напад на 4 април во станбена област Криви Рих, во кој загинаа најмалку 20 цивили.
Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.