Контакт

Европа

Украинските сили претрпеа тешки загуби близу Луганск, Порошенко најави одмазда

Објавено пред

Најмалку 19 украински војници загинале, а 93 се ранети во артилериски напад во петок наутро во селото Зеленопиљи, во близина на границата со регионот Луганск, објави украинското Министерство за одбрана.

 

 

Во соопштението се вели дека единицата влегла во текот на ноќта во селото за да ги зајакне позициите кон границата со Русија.

 

Министерството за внатрешни работи претходно објави дека има над 30 загинати и дека бројот на жртвите може да расте.

 

Украинскиот претседател Петро Порошенко најави одмазда за овој напад.

 

„За животот на секој наш војник бунтовниците ќе платат со десетици и стотици свои“, рече Порошенко на итниот состанок со челниците на безбедносните служби.

 

Тој додаде дека нападот е извршен со рускиот повеќецевен лансер на ракети „Град“.

 

Руските сепаратисти го потврдија нападот. /крај/хн/ст

Европа

Бебе се заразило од коронавирус во утробата на мајката

Објавено пред

Лекарите во Франција го пријавиле првиот докажан случај на пренесување на коронавирусот од бремена жена на нејзиното бебе, пишува „Гардијан“.

Новороденчето имало воспаление на мозокот неколку дена по раѓањето, состојба која се појавила откако вирусот преминал преку плацентата пред породувањето. Машкото бебе сега се опоравува.

Студија, објавена во списанието „Nature Communications“, го следи раѓањето на неколку бебиња со Ковид-19 за кои лекарите се сомневаат дека биле заразени во утробата на мајката. Досега, тие не можеа да ја исклучат можноста дека бебињата се заразиле за време или набргу по породувањето.

„За жал, во овој случај, нема сомнежи околу преносот“, вели првиот човек на педијатријата во болницата во Париз, Даниел де Лука.

Родилката на возраст од 23 години била примена во болницата на 24 март. Таа имала висока температура и кашлица, а била во третиот триместар од бременоста. Тестот се покажал позитивен на коронавирус.

Три дена по приемот во болницата, лекарите забележале проблеми со бебето, па брзо бил изведен царски рез. Бебето било изолирано и интубирано. Тестот брзо покажал дека бебето е позитивно на вирусот, а понатамошните истражувања покажале дека детето се заразило преку крвта на мајката во плацентата.

Прикажи повеќе...

Европа

Медведев: Никој не може да гарантира дека состојбата со вирусот нема да оди на полошо

Објавено пред

Претседателот на партијата Обединета Русија, Дмитриј Медведев, не ја исклучува можноста за последователен бран на коронавирусот.

Затоа, тој смета дека е неопходно да се активира меѓународната соработка во борбата против оваа закана.

„За жал, никој не може да гарантира дека нема да има промена на полошо, дека нема да има втор или трет бран, дека лековите, кои се подготвуваат сега, ќе се покажат ефикасни“, рече Медведев за време на меѓународната меѓупартиска тркалезна маса за соработка од областа на безбедноста за време на пандемија.

Тој го цитира мислењето на еден од водечките американски експерти за заразни болести дека пандемијата штотуку почнала.

„Ајде да размислиме за тоа, ова го вели експерт од земја во која веќе се разболеа три милиони луѓе“, рече Медведев, кој истовремено е заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност.

„Само со заедничко работење може да се обидеме да ги постигнеме посакуваните резултати“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Веќе не можеме да се потпреме на тоа дека САД ги штитат европските интереси

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска изјави дека сега е неопходно Европа да биде обединета затоа што светот е целосно реорганизиран.

Меркел, која како прв германски канцелар присуствуваше на седница на владата на покраината Баварија, на прес-конференција во Минхен истакна дека единство во Европа значи сигурност за Германија.

Таа порача дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со Европската Унија е многу важно.

„Светот во моментот се реорганизира. Мислењето дека Соединетите Американски Држави ја штитат ЕУ веќе не е нешто што може да се земе здраво за готово. Затоа, единството во Европа е поважно од кога и да било“, рече Меркел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија4 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија4 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија5 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ8 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија8 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија8 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија9 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија10 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет10 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа10 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион11 час

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија22 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија24 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија24 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија1 ден

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет1 ден

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Досие