Црна хроника
Судењето за „Монструм“ се снима со две камери
Почна судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро, од април годинава, а во Кривичниот суд Скопје судењето се одвива со вообичаено судско обезбедување, односно не се забележуваат зголемени мерки на безбедност како што се очекуваше.
Четворица од обвинетите, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири со полициски обезбедување беа донесени во Кривичниот суд. Судењето се снима визуелно и тонски со две камери. Судот донесе решение на двајцата обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кој се во бегство, да им се суди во отсуство. Законски застапник на семејствата на убиените е Дафинка Иванова. Сите обвинети својата одбрана ќе ја дадат на албански јазик, иако претходно, за време на истражната постапка, изјавиле дека го разбираат македонскиот јазик и својата одбрана ја дале на македонски јазик.
Адвокат на тројца од обвинетите е Насер Рауфи, освен на обвинетиот Рами Сејди, кого ќе го брани адвокатот Митко Солаков. Обвинителската Гордана Гешковска го прочита обвинителниот акт, според кој сите шестмина обвинети се товарат за тероризам, освен Хаки Азири, кој се товари за помагање. Според обвинението, обвинетите имале намера, со загрозување на животот и телото да создадат чуство на несигурност и страв кај граѓаните и на свиреп и подмолен начин лишиле од живот пет лица од македонска националност. Во обвинението, освен споменатите лица, се споменуваат и други непознати лица кои биле заедно со обвинетите. Како извршители на убиството се товарат Африм и Агим Исмаиловиќ и Алил Демири.
Во убиството коешто се случи на 12-ти април без причина беа убиени матурантите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски./крај/фф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.
Црна хроника
Уапсени девет лица во Скопје, пронајдена дрога на повеќе локации
Полициски службеници од СВР Скопје во текот на ноќта меѓу 26 и 27 декември 2025 година лишиле од слобода девет лица на различни локации во Скопје, поради сомнение за поседување наркотични средства.
Приведени се Б.М. (27), В.К. (46), Е.Ќ. (31), А.П. (28) и В.Н. (28), сите од Скопје, како и Д.Т. (31) од село Булачани, скопско, Б.И. (36) од Гостивар, Е.Х. (35) од село Отља, липковско и Е.Е.Г. (20) од Турција, со престој во Скопје.
При полициските контроли кај приведените лица биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана, како и дробилка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ако сакаш, можам да ти дадам и пократка верзија за портал, или уште неколку алтернативни наслови.

