Црна хроника
Ноќеска ограбена обложувалница во Гостивар
Две маскирани лица, во саботата навечер по 20,30 часот влегле во обложувалницата на „Спорт Лајф“ во Гостивар и со закана со пиштол и спреј за онеспособување одзеле 102 илјади денари.
Според Секторот за внатрешни работи – Тетово, надлежен и за подрачјето на Гостовар, разбојниците влегле во обложувалницата на улица „ЈНА“, кога покрај еден вработен имало и двајца играчи.
За да се заштитат од разбојниците, вработениот и еден од играчите се скриле во тоалетот, а другиот успеал да излезе.
Според сознанијата на полицијата разбојниците од местото на разбојништвото побегнале со автомобил./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

