Црна хроника
Инциденти и по натпреварот Македонија – Србија
По натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Србија се случиле инциденти во Старата скопска чаршија во кои, според неофицијални информации има повредени и приведени.полицијата со солзавец ја разбивала толпата.
Според непотврдени информации, толпа лица од Старата чаршија сакала да го мине Камениот мост во центарот на Скопје за да оди на плоштадот „Македонија“ каде што група навивачи ја прославуваше победата на македонската фудбалска репрезентација, но биле спречени од полициските специјалци.
Од Министерството за внатрешни работи не ги потврдуваат овие информации од граѓани, а очевидци велат дека на почетокот од Старата чаршија биле видливи искршени жардинери, расфрлани маси, столчиња и чадори од околните локали, што посочува на тоа дека се случил помасовен инцидент. На граѓаните не им било дозволено да го минуваат Камениот мост и биле пренасочувани кај мостот кај Холидеј Ин.
По натпреварот што го добија македонските фудбалери со 1:0 беше забележливо и силно полициско обезбедување кај скопската Железничката станица и на плоштадот „Македонија“.
Претходно во текот на денот, пред одигрувањето на квалификацискиот натпревар за Светското фудбалско првенство 2014, се случија два инцидента на локации коишто исто така гравитираат кон Старата скопска чаршија.
Околу 14 часот, тројца навивачи на српската репрезентација кај стоковната куќа „Мост“ беа повредени, од кои едниот беше прободен со нож и е задржан на лекување во скопскиот Ургентен центар. Според скопската полиција, поголема група засега неидентификувани лица ги нападнале тројцата навивачи од Белград на возраст меѓу 19 и 20 година. Тие биле гаѓани со камења и шишиња, а 19-годишниот српски навивач бил прободен со нож во грбот. Кај другите двајца се констатирани тешки повреди.
Малку претходно, околу 12,30 часот на неколку стотини метри од местото на кое подоцна беше прободен српскиот навивач, кај трговскиот центар „Мавровка“ беа нападнати двајца црногорски државјани, Според нивните изјави тие не биле дојдени во Скопје за фудбалскиот натпревар. Во полиција околу 13.30 часот била пријавена тепачка кај трговскиот центар „Мавровка“, но кога полицијата излегла на терен не затекнала ништо. Подоцна од Специјалната болница за хируршки болести „Наум Охридски“ во полиција било пријавено дека кај нив биле примени двајца црногорски државјани со повреди.
Министерството за внатрешни работи во вторникот преземапосебни безбедносни мерки околу Националната Арена „Филип Втори Македонски“ поради одигрувањето на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Србија. Српскиот фудбалски сојуз известил дека нема да има организирано патување за навивачките групи, но поради тоа што станува збор за меѓународен натпревар, МВР го третираше како натпревар од висок ризик.
Тензиите започнаа уште изминатиот викенд кога некои белградски медиуми информираа дека околу 300 хулигани се упатиле кон Скопје каде што сакале наводно да се пресметаат со овдешните Албаници/крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

