Црна хроника
Син уби мајка во Неготино
Давење со раце од страна на синот е причината за смртта на 69-годишната Надежда Д. од Неготино, која во вторникот беше пронајдена мртва во нејзиот дом, информираат од полицијата.
СВР Велес поднесе кривична пријава против нејзиниот син С.Д. (20) и му одреди мерка притвор во траење од 48 часа, откако е утврдено дека тој во вторникот околу 20:00 часот, по настаната расправија со раце ја задавил својата мајка. Причина за расправијата била нетрпение и нарушени семејни односи. Откако ја задавил мајка си, осомничениот побегнал од дома, а кога се вратил во 22: 30 часот, повикал Итна медицинска помош.
Инаку, Д.С. и претходно е пријавуван за кривични дела загрозување на сигурноста при семејно насилство и телесна повреда при семејно насилство. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени двајца криумчари, пронајдени се пет лица мигранти
На 30.11.2025 околу 20:00 часот во атар на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани.
Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале малолетниците, но возилото продолжило со движење. Набргу, во атар на село Речица, на стар пат за фарма на свињи, возилото запрело, а малолетниците побегнале.
Во возилото се пронајдени пет лица мигранти, од кои три од Мароко и по еден од Алжир и Судан. По преземени мерки, пронајдени и лишени од слобода се и малолетниците.
Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.

