Црна хроника
Силен удар со градите во воланот, причина за смртта на Младенов
Силен удар со градите во воланот што предизвикало внатрешно крварење, според првичните информации од обдукцијата е причината за смртта на сопственикот и уредникот на неделникот и дневниот весник Фокус Никола Младенов.
Од Основниот суд Скопје 1,велат дека се уште се врши вештачење на автомобилот и се утврдуваат причините за сообраќајката.
Младенов загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторникот вечерта на патот Велес-Скопје, на клучката кај Хиподром. Потрагата по телото на Младенов започнала во 9.30 часот откако неговата сопруга пријавила дека го нема.
Автомобилот Мерцедес беше извлечен дури синоќа околу 20 часот, а телото на Младенов беше предадено во судска медицина за обдукција.
Според првичните информации, автомобилот ја пробил банкината на патот и излетал во ендек, но се уште не се познати точните причини за сообраќајката./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен дилер во Струмица, пронајдена дрога
Вчера во 16.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.В.(20) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против П.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Фрлил две пакувања прашкаста материја кога ја забележал полицијата: уапсен 49-годишен охриѓанец
Синоќа во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Р.(49) од Охрид.
Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Охриѓанец ја претепал сопругата
Утрово во 03.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Б.В. од Охрид физички ја нападнал неговата сопруга во нејзиниот дом во охридско село.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.