Црна хроника
Десетина повредени при суди меѓу камион и автобус

Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 14 часот во скопско Ново Село.
Се судрија камион и приватен автобус со број 22, при што повредени се две лица од камионот и осум патници цо автобусот.
Двајца од повредените се пренесени во болницата „Наум Охридски“, а осум лица се во Ургентниот центар.
Според првичните информации повредените не се во критична состојба./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка пронајдена мртва во својот дом

Денеска во 00.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината 70-годишната Х.К. од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возел пијан и предизвикал сообраќајна несреќа: уапсен скопјанец

Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот Д.З. од Скопје.
На улицата „Христо Татарчев“, тој со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(33) од село Сопиште, скопско.
Во несреќата со телесни повреди се здобила 24-годишната Ј.П. од Скопје, сопатничка во возилото „фиат стило“, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека Д.З. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во двор

Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во дворот на нејзината куќа.
Вчера во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект. Увид бил извршен.