Црна хроника
Жени се степаа во валандовско, едната тешко повредена
Деветнаесетгодишна жена е тешко повредена во тепачка што се случила меѓу две жени во валандовското село Калково, соопшти МВР.
Триесет и тригодишна жена од валандовското село Калково во вторникот сабајле ја прободела девојката со нож во градниот кош.
После ова, сопругот на повредената девојка зел вила и ја повредил жената што ја нападнала неговата сопруга во главата.
Двете биле префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија, а деветнаесетгодишната жена поради тешките повреди е префрлена на Клиничкиот центар во Скопје./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во затворот „Идризово“: вработен бил нападнат од негов колега
Вработен во затворот „Идризово“ во полиција пријавил дека бил нападнат од негов колега.
Имено, утрово во 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека на 02.06.2024 околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во Скопје: неколку лица биле нападнати со тврди предмети
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(18) од Скопје пријавил дека на 31.05.2024 околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и С.Р.(19), В.П., Ѓ.Н. и Б.М.С., сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Напад со нож на автобуска постојка: кривична за 18-годишник од Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“.
Имено на 06.03.2024 на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Ј..