Црна хроника
Пресметка со ножеви во затворот Идризово
Едно лице е потешко повредено и згрижено на скопската Клиника за абдоминална хирургија, по пресметката што во петокот се случила во затворот Идризово близу Скопје.
Триесет идвегодишен осуденик од скопското село Сарај во петокот попладнето по 16 часот, пријавил на затворските чувари дека претходно претпладнето додека бил во ќелијата во полуотвореното одделение ги забележал неговите „цимери“, 31-годишен кумановец и 24-годишне осуденик од Скопје како се расправаат и тепаат, по што се упатил да го извести чуварот и заедно со него се упатиле кон ќелијата.
Во меѓувреме полицаецот и затвореникот биле пресретнати од скопјанецот кој држел нож во раката и во еден момент се доближил до осуденикот кој го пријавил инцидентот и му нанел две убодни рани, од кои една во десното рамо, а другата во стомакот. Повредениот бил пренесен во амбулантата на затворот „Идризово“ од каде поради тежината на раните е префрлен во Клиника за абдоминална хирургија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени две лица во Кичево и Струга: возеле без положен возачки испит и со изречена забрана за управување возило
Вчера во 15:12 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.А.(42) од село Шум, струшко. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со струшки регистарски ознаки, при што е кое констатирано дека го управувал без положен возачки испит. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено.
Вчера во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Е.(40) од село Србица, кичевско. При сообраќајна контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки со брзина од 64 километри на час на место каде брзината е ограничена на 50 километри на час. При контролата, исто така, е констатирано дека лицето има изречено забрана за управување моторно возило од Б категорија. Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случаите против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а и член 300 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

