Црна хроника
Малолетник со пиштол се самоповредил во гостиварско
Министерството за внатрешни работи, информираше за неколку случаи од нејзиниот делокруг, кои се случиле во петокто навечер
Во петокот околу 17 часот во Медицинскиот центар бил донесен 15-годишник од гостиварското сел Мало Турчане, кој се самоповредил со пиштол во дланката од левата рака. На мостот од реката Вардар во близина на Медицинскиот центар, момчето се сретнало со непознато лице кое му рекло дека има пиштол, по што повредениот му го побарал да го види како изгледа и од невнимание испукал еден куршум повредувајќи се во дланката од левата рака.Увидна екипа од полициската станица Гостивар излегла на местото на настанот, при што не се пронајдени никакви траги. По укажаната лекарска помош Ј.Л. е пуштен на домашно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Исто така, во петок, 21 часот непознат сторител извршил тешка кражба на два пригушника за сигнални уреди на пругата меѓу станиците Агино Село и Дељадровце на железнички км 426+500 во близина на манастирот, со што е загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај поради нефункционирање на сигналните уреди, а железничкиот сообраќај на тој дел од пругата се одвива со ограничување на брзината.Во Гевгелија, пак, во петокот во 18.40 часот на влез во градот при контрола на автобус на „Млаз Богданци“, полициски службеник од полициската станица за преминот Богородица привеле двајца албански државјани поради илегален влез и престој во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

