Црна хроника
Прилепчани ограбувале станови низ Србија

Четворица прилепчани се уапсени кај Краљево под сомнение дека во текот на оваа и минатата година обивале и ограбувале станови во Србија.
Уапсени се Зоран Митрески (29), Даниел Крстески (27), Деан Милошевски (21) и Кристијан Вељаноски (25) кои се сомничат дека направиле најмалку 22 тешки кражби на подрачјето на Краљево, Крагуевац, Јагодина, Крушевац, Чачак и Ужице и украле милиони.
Како што соопшти полицијата, криминалците ги обивале становите воглавно на повисоките катови и од нив краделе пари, злато, компјутери и телефони.
На осомничените им е одреден притвор во траење од 48 часа, по што против нив ќе бидат поднесени кривични пријави./крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот