Европа
Порошенко подготвен за прекин на огнот под одредени услови, Хелетеј ќе го враќа Крим
Украинскиот претседател Петро Порошенко во четвртокот навечер во телефонскиот разговор за американскиот потпретседателот Џозеф Бајден изјави дека е подготвен да се ангажира на прекин на огнот со проруските бунтовници доколку бидат исполнети одредени услов, додека неговиот нов министер за одбрана Валериј Хелетеј вети дека ќе одржи „парада на поедата“ на Крим кој планира да го врати во уставно-правниот поредок на Украина откако овој црноморски полуостров во март преку референдум си ја поврати автономијата што ја имаше во раните 1990-те и се присоедини кон Русија.
„(Претседателот Петро) Порошенко истакна дека е подготвен да работи на прекин на огнот што добие потврда дека тоа е прифатено од двете страни, како и потврда за пуштање на слобода на заложниците и воспоставување контрола на границата преку набљудувачите на ОБСЕ“, се наведува во соопштението објавено на официјалната интернет страница на украинскиот претседател, пренесе агенцијата УНН.Порошенко во понеделникот и покрај повиците на западните партнери и на Москва не го продолжи примирјето ,обвинувајќи ги проруските бунтовници дека не го почитувале прекинот на огнот. Тој ја обвини Русија дека преку заедничката граница овозможува влегување на украинската територија на борци и оружје.Украинскиот претседател не одговори ниту на повикот на рускиот колега Владимир Путин од минатата седмица украинските граничари и набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на граничните преми од страна на руската територијата за да се потврдат или негираат тврдењата дека преку руската граница се префрлуваат оружје, техника и борци во побунетите источни региони на Украина, каде е мнозинска руската и рософоната заедница, а украинската армија повеќе од два месеца безуспешно се обидува да воспостави контрола.Претходно, новиот украински министер за Одбрана, 46-годишниот генерал Валериј Хелетеј кого го предложи Порошенко а го изгласа Врховната Рада (парламентот) изјави дека треба да му се верува оти „(…) ќе приредиме парада на победата во украински Севастопол, во тоа нема никаков сомнеж“, пренесе BBC. Статусот на Севастопол, во кој огромно мнозинство од населението се Руси и со векови е седиште на руската Црноморска флота, Москва го оспоруваше и многу порано од присоединувањето на Крим. Во четвртокот беше именуван и новиот началник на генералштабот на украинските воени сили, 52-годипниот Виктор Муженко, кој ја води воената операција против проруските бунтовници. Промените во армијата уследија откако Порошенко не го продолжи примирјето во понеделникот навечер и одлуката да ја продолжи офанзивата против бунтовниците во рускојазичниот исток на Украина каде тие преку референдуми прогласија ткн „народни републики“. Одлуката на Порошенко за продолжување на воената операција на истокот ја доби поддршката од САД, но и силна осуда од Русија, Според украински и бунтовнички извори, од април на истокот од Украина се убиени најмалку 250 цивили, Податоците на украинското министерство за одбрана говорот за 200 загинати и 619 ранети војници, и убиени над 800 бунтовници, додека проруските милиции тврдат дека бројот на убиените украински војници изнесува околу 1.500. Според податоците на Обединетите нации, најмалку 110 илјади Украинци ја напуштиле татковината и пребегнале најмногу во Русија, додека 54.400 се внатрешно раселени./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

