Црна хроника
Насилници од Градско киднапирале четворица Сиријци
Против четири лица од Градско, на возраст од 28 до 34 години, од Секретаријатот за внатрешни работи Велес заработија пријави за кривични дела „противправно лишување од слободата“ и „разбојништво“ поради тоа што против нивна волја држеле четворица сириски државјани.
Четворицата пријавени во вторникот во близина на железничката пруга крај Градско пресретнале четири лица државјани на Сирија и заканувајќи им се со срп, коса и вила насилно ги внел во куќата на еден од пријавените каде што ги задржале извесно време. Притоа им одземале 325 евра, 700 денари и три мобилни телефона, по што ги избркале од куќата.
Од страна на судот на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во затворот „Идризово“: вработен бил нападнат од негов колега
Вработен во затворот „Идризово“ во полиција пријавил дека бил нападнат од негов колега.
Имено, утрово во 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека на 02.06.2024 околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во Скопје: неколку лица биле нападнати со тврди предмети
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(18) од Скопје пријавил дека на 31.05.2024 околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и С.Р.(19), В.П., Ѓ.Н. и Б.М.С., сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Напад со нож на автобуска постојка: кривична за 18-годишник од Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“.
Имено на 06.03.2024 на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Ј..