Црна хроника
Исчезнатиот велешанец Стојанов е убиен тврди семејството

Не е исчезнат , синот единец ми е убиен од соседите, тврди мајката на 25- годишниот велешанец, Ангел Стојанов. Од полицијата таа бараат подетална истрага.
„Времето минува, на секој два дена одам во полиција и во судот, барам информација , но од полиција ми кажуваат дека истрагата е во тек. Но телото го нема, син ми е убиен од соседите, ни кажуваат луѓето кои гледале како го тепале, тој е убиен и ставен во багажникот од нивниот автомобил, ама нека кажат каде го сокриле телото“, рече Весна Стојанова, мајка на исчезнатиот Ангел, за порталот Лисица.
„Нема дилема, синот ми е убиен. Најнапред го тепале а потоа веројатно со убод од нож е усмртен“, вели таткото на исчезнатиот Ангел.
„Убијците се во притвор, да кажат каде го сокриле телото на мојот син. Апелирам до министерката, полицијата да го пребара просторот од Велес до Градско оти нашите сознанија се дека во критичниот временски период, таткото и синот, се движеле на таа локација“, рече братот Сашко Стојанов.
Полицијата вели дека истрага за овој случај интензивно се води. Но лицата кои се во притвор се осомничени за киднапирање, бидејќи телото на Ангел сé уште не е пронајдено./крај/ли/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.