Црна хроника
Скопјанец паднал и починал пред Клубот на пратениците

Скопјанец паднал и починал пред Клубот на пратениците на улица Иво Лола Рибар во центарот на Скопје.
Граѓани пријавиле во полиција околу 14.30 часот дека мртов човек лежи на улица. Човекот бил идентификуван врз основа на личните документи коишто ги носел со себе и било констатирано дека се работи за 59-годишниот Живко Михајловски од Скопје.
Неофицијално граѓанин изјавил дека го видел Михајловски како паѓа на улица и му притрчал на помош. Но не можело да му се помогне.
Полицијата врши увид и се утврдуваат точните причини за смртта./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.