Црна хроника
Брачен пар нападнале полицајци при сообраќајна контрола во Штип
Брачен пар од Радовиш нападнале двајца полицајци при сообраќајна контрола во Штип, информираат од полицијата.
Инцидентот се случил во саботата околу 20:00 часот, на улицата „Гоце Делчев“ кај местото викано „Рибник“.
Откако по извршената контрола на возилото „Шкода Јети“ полицајците почнале да изготвуваат записник, 57-годишниот Ѓ.П. од Радовиш, кој управувал со возилото, почнал да ги навредува, а неговата сопруга Ј.П. (55) со раце почнала да удира по полициското возило. Потоа со рака ја удрила отворената врата и повредила еден од полицајците во левата потколеница.
Откако пристигнала групата за интервенција, при обид Ѓ.П. да биде приведен и сместен во полициското возило, неговата сопруга Ј.П. го нападнала другото униформирано лице, удирајќи го со ташна во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда во пределот на вратот.
По целосно документирање на случајот, против брачниот пар ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

