Црна хроника
Украдени повеќе од 63.000 евра во Скопје

Во две одделни кражби во Скопје, во неделата крадците успеале да се збогатат за повеќе од 4,5 милиони денари.
Имено, во неделата од 19.,30 до 22.40 часот, на улица „Козле“ во Скопје, непознат сторител, користејќи згодна прилика извршил тешка кражба во куќа сопственост на М.Г.(55).
Од куќата украл 5.700 евра и поголема количина златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупна вредност од 840.000 денари.
Во неделата, исто така, во периодот од 20.15 часот до полноќ, на улица „Теодосиј Синаитски“, во Скопје, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во куќа сопственост на Н.П.(41).
Крадецот успеал да однесе 57.000 евра, 800.000 денари и поголема количина златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупна вредност од 3.420.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За една ноќ приведени тројца возачи поради возење во алкохолизирана состојба

Тројца возачи биле приведени за една ноќ поради возење во алкохолизирана состојба, соопшти МВР.
Во Кичево, на улица Борис Кидрич, полицијата запрела „бмв“ управувано од 26-годишен жител на село Зајас, кој имал 2,08 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, во Куманово, полициски службеници го задржале 34-годишен возач на „смарт“ со 3,43 промили.
Во Битола пак, на улица Македонска фаланга, бил приведен 41-годишен жител на Средно Егри со 1,68 промили, откако бил запрен во „мерцедес“ со битолски регистарски таблиички.
„По целосно документирање на случаите, против тројцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
На „Ќафасан“ приведено лице со мерка за издржување затворска казна

На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница при обид за излез од државата, полицијата привела лице за кое имало изречена мерка за апсење од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е З.Б.(62) од Гостивар.
– По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297 од Кривичниот законик, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицето, додаде, е спроведено во казнено поправната установа „Затвор Гостивар“.
Црна хроника
Кавадарчани приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар

Кавадарчани биле приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Вчерa во 18.10 часот и во 18.15 часот, на Градскиот стадион во Кавадарци, полициски службеници од СВР – Велес ги привеле И.П.(34) и Д.И.(28), двајцата од Кавадарци, затоа што за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК Тиквеш од Кавадарци и ФК Вардар од Скопје, не ги почитувале наредбите дадени од полициски службеници, се наведува во соопштението.
По документирање на настанот, како што велат од СВР Велес, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.