Црна хроника
Момче полеано со бензин и запалено
Момче се наоѓа во животна опасност, откако синоќа во селото Кондово било полеано со бензин и запалено, при расправија меѓу две групи.
Ова денеска го соопшти Mинистерството за внатрешни работи, додавајќи дека синоќа околу 21.30 часот во селото Кондово од непознати причини настанала расправија меѓу шест лица од селото Долно Свиларе од една страна и три лица Кондово од друга страна.При расправијата Е.З (18) од Долно Свиларе со шише полно бензин го испрскал Р.Р. (18) од Кондово и го запалил. Момчето со изгореници од трет степен по главата и по телото е пренесено во Градската болница и се наоѓа во животна опасност.На лице место се затекнал локален полицаец, кој испукал неколку куршуми во воздух за да ја растера групата.Учесниците во трагичната расправија се приведени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

