Европа
Путин: Ситуацијата во Русија е предизвикана од надворешни фактори, економијата ќе се извлече
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот во својата традиционална конференција на крајот од годината за новинарите од целиот свет одговарајќи на 53 прашање во текот на 3 часа и 10 минути, велејќи дека не бега од одговорноста започна со економските теми и изјави дека моменталната ситуација во Русија е резултат главно на надворешните фактори, и го изрази убедувањето дека руската економија ќе се извлече, дури и според најнеповолното надворешно економско сценарио за две години.
„Јасно е дека моменталната ситуација е резултат главно на надворешните фактори, во прв ред на цените на нафтата и на гасот, меѓутоа верувам дека владата и централната банка ги преземаат соодветните мерки“, изјави рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека и според најнеповолното надворешно економско сценарио ваквата ситуација може да потрае до две години.
„Растот на глобалната економија ќе продолжи и нашата економија ќе се извлече од оваа ситуација“, рече во продолжение Путин, дозволувајќи ја можноста дека заздравувањето ќе започне уште од првиот квартал, а можеби кон средината или кон крајот од следната година. „На овој или на оној начин, економијата (на Русија) ќе мора да се прилагоди да живее и да работи со ниските цени на енергенсите“, продолжи Путин.
Зборувајќи за државниот буџет, Путин кусо рече дека ќе има вишок во буџетот на Русија, а осврнувајќи се на тамошната централна банка и на каматните стапки, оцени дека некои мерки требало побрзо да бидат донесени. „Мислам дека низ целиот овој тежок период, поврзан о со надворешните економски услови, главната каматна стапка нема да остане на ова ниво (…) Централната банка не може да биде единствената одговорна за сегашната состојба во земјата“, рече Путин.
Тој порача дека девизните резерви на земјата нема да се трошат за поддршка на курсот на националната валута – рубљата. Според процените од 5-ти декември, девизните резерви на Руската Федерација изнесувале 415 милијарди американски долари.
Рускиот претседател смета и дека владата треба да преземе некои мерки и да се фати во костец со цените на нафтата и на храната, како и да ги повлече сите можни потези за стабилизирањето на домашната економија. „Секако, не треба да се заборава и на соработката со извозниците кои имаат значителни приходи во странска валута“, рече Путин.
Порача, исто така, дека владата на премиерот Дмитриј Медведев работи на разработка на механизмите за легализацијата на рускиот „офшор“ капитал во земјата. Изрази притоа убедување дека на рускиот народ и на деловниот сектор им се потребни силна руска држава. „Оваа ситуација, Русија мора да ја искористи за диверзификација на економијата“, смета Путин.
Истакна, исто така, дека не се обидува да побегне од одговорноста за ситуацијата во земјата. Путин истакна дека одговорноста за сé што се случува во земјата паѓа на товар на шефот на државата, и тој нема да бега од таквите настани. „Одговорноста за сé што се случува во земјата лежи врз челникот на земјата, и натаму подолу по рангот“, рече.
Да се предвиди со сигурност што ќе се случува во иднина на глобалниот пазар на нафтата, и како тоа ќе се одрази на цената на „црното злато“, смета Путин. Според рускиот претседател, во моментов има многу размислувања за причините за остриот пад на цените на нафтата. „Дали тоа е заговор меѓу Саудиска Арабија и САД за да го казни Иран, или да влијае врз економијата на Русија, на Венецуела итн. Можеби да, можеби не“, рече./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русинка му се заканува на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала музиката што ја пуштал
Во инцидент снимен од камерата во такси-возилото Русинка му се заканувала на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала денс-музиката на радиото.
Снимката, која стана вирална, ја покажува жената како ладнокрвно вади оружје и бара промена во музичкиот жанр, објавува „Фри прес журнал“.
Видеото ја покажува патничката, која изгледа дека е во своите 50-ти години, како мирно седи на задното седиште пред да извади голема мачета од чантата. Потоа го турнала оружјето меѓу предните седишта кон преплашениот возач барајќи да пушта балади.
😳 In Russia’s Samara region, a taxi passenger threatened the driver with a machete — demanding he play shanson
A taxi ride in the Samara region nearly turned into a bloody scene after a passenger pulled out a machete and began threatening the driver, insisting he change the… pic.twitter.com/WwMM7vnTNY
— NEXTA (@nexta_tv) November 13, 2025
„Не ми се допаѓа ваков вид музика“, му рекла таа на преплашениот возач, кој се стреснал и се повлекол. „Разбирам, разбирам. Ќе ја исклучам“, одговара тој. „Кога ќе ја вклучиш мојата омилена балада, ќе ја тргнам мачетата“, додала жената.
Возачот, во паника, застанал покрај патот со рацете во воздухот и бргу пронашол соодветна радиостаница. Дури тогаш патничката го спуштила оружјето. Инцидентот наводно се случил во рускиот град Самара, а возачот наводно подоцна ја оставил жената на локалните гробишта.
Вознемирувачката снимка стана вирална, па полицијата во Самара почна потрага по неидентификуваната жена. Иако возачот не поднел официјален извештај, службениците од полициската станица Смишљаевка потврдија дека го истражуваат случајот поради високиот јавен интерес.
фото: принтскрин
Европа
Мајка си го убила својот деветгодишен син во близина на Трст
Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Мугија во близина на Трст, каде што мајка синоќа му го одзеде животот на својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот во семејната куќа.
Жената е од украинско потекло и била одвоена од таткото на момчето, а семејството, како што се утврди, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“.
Злосторството е откриено откога таткото на момчето се загрижил бидејќи не можел да стапи во контакт со својата поранешна сопруга.
Тој се јавил во полицијата, која, по пристигнувањето во станот во центарот на Мугија, го пронашла телото на детето. Лекарите можеле само да ја потврдат смртта.
фото: принтскрин
Европа
Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс
Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор (SMR), додека продолжува со плановите за проширување на нуклеарната инфраструктура на земјата.
Владата во јуни објави дека ќе потроши 2,5 милијарди фунти (2,8 милијарди евра) за SMR, кои се поевтини и побрзи за изградба од големите нуклеарни централи, во обид да ја зголеми енергетската безбедност и да помогне во исполнувањето на климатските цели.
Одлуката на Велика Британија да го избере Вилфа на Англеси, остров во северен Велс, како локација за својата прва SMR централа беше критикувана од американскиот амбасадор во невообичаено силна изјава пред објавувањето.
Соединетите Американски Држави се залагаа за голем проект во Вилфа, дом на стара нуклеарна централа која беше затворена во 2015 година.
Британската влада изјави дека проширувањето на нуклеарната програма би можело да вклучува изградба на нова голема електрана, додавајќи дека ѝ задала задача на државната компанија GB Energy-Nuclear да пронајде соодветна локација за голема електрана до есента 2026 година.
Во јуни, владата го избра дизајнот на Rolls-Royce за малите реактори. Новите мини-реактори таму ќе снабдуваат еквивалент на три милиони домови и ќе поддржат до 3.000 работни места во локалната заедница за време на изградбата, со планови за поврзување со мрежата во 2030-тите.
Во моментов во изградба се две големи нуклеарни централи во Велика Британија, една во Хинкли Поинт во западна Англија и една во Сајзвел во источна Англија.
фото: принтскрин

