Црна хроника
Доживотен затвор за убиството на полицаецот Арифи

Доживотен затвор за тројцата првообвинети Реџаил Керими, Агим Исамаили и Алмир Дрпјанин на кој му се суди во отсутство, пресуди денеска Кривичниот суд во Скопје, за убиството на полицаецот Африм Арифи, кое се случи пред 1,5 година на паркингот кај ПМФ
Четвртообвинетиот Рамадан Шачири доби шест години затвор за помагање при убиството.Притворот ќе им се продолжи се до правосилноста на пресудата.Адвокатот на обвинетите најави жалба по пресудата до Апелацискиот суд.Роднините на осудените, обвинуваат дека ова е монтиран случај и дека нема докази.Сопругата на Исмаили, тврди дека нејзиниот сопруг бил само еден месец во Македонија и дека цело време живееле во Германија. Таа тврди дека нејзиниот сопруг е осуден врз основа на докази кои се најдени на опушок од цигара и конзерва од паштета.Убиството на полицаецот Арифи се случи во октомври 2008 година кога обвинетите пукаа на полициско возило во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во нападот други двајца полицајци без повредени
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.