Црна хроника
Запленето оружје по вооружена пресметка кај Блаце
Престрелка меѓу полицијата и униформирани лица синоќа се случила на границата меѓу Македонија и Косово, за време на акција во селото Блаце, информираат за Макфакс од МВР
Синоќа, полицијата организирала акција во атарот на село Блаце, по добиени сознанија за скриено поголемо количество нелегално оружје. Неколку униформирани лица, што го обезбедувале местото каде што се наоѓало оружјето, отвориле оган врз полицијата. Откако им било возвратено, се дале во бегство.
Во акцијата нема повредени припадници на полицијата, а било запленето поголемо количество нелегално оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата уапси неколку лица по масовната тепачка пред ноќен клуб во Штип
Вчера во 05.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле И.М.(27), И.Т.(20) и Н.Т.(22), сите од Кочани, затоа што околу 03.40 часот пред угостителски објект во Штип заедно со С.М.(34) од Штип го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.С., М.П. и Д.Р., при што биле употребени тврди и остри предмети.
С.М. бил повикан на службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пукано кон возило во населбата „11 Октомври“
Вчера во 21.13 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавил дека едно лице од огнено оружје пукало во неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа на подрачјето на населбата „11 Октомври“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и биле пронајдени четири чаури.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка ограбена на Бит Пазар, насилно и било одземено ланче
Вчера во 16 часот во СВР Скопје, 63-годишната С.А. од Скопје пријавила дека околу 14.55 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело ланче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.