Црна хроника
Судијка од Апелација и екс градоначалник на Кисела Вода добија кривични пријави
Судијка од Основниот суд Скопје 2, Мери Дика Ѓоргиевска, поранешниот градоначалник на Кисела Вода, Љупчо Димов, правник од општината и катастарски референт со злоупотреба на службената положба го оштетиле државниот Буџет за околу 100 илјади евра
Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против нив.Според пријавата, земјиштето на кое се наоѓа зградата на „Неоком“, кај Железничката станица во Скопје, иако било државно, противправно го оттуѓиле во судска постaпкa и го доделиле најпрво на општината, а потоа на „Неоком“.„Пријавените иако биле должни, ниту во управна, ниту во судска постапка не го известиле Државниот правобранител, заради добивање на мислење по однос на сопственоста врз предметното земјиште“ се вели во пријавата.Инаку судијката претходно пет години била судија во основниот суд 1, а сега била сериозeн кандидат за судија во Врхoвниот суд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

