Црна хроника
Бошкоски: Тушевски и Коруновски сум ги видел неколку пати, сум немал блиски односи со нив

Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски го запознал сега веќе убиениот Марјан Тушевски за време на предизборната кампања во 1999 година, кога тој му бил обезбедување на загинатиот претседател, Борис Трајковски.
Тој одговарајќи на прашања на судот, тврдеше дека не бил близок ниту со Тушевски, ниту со Орце Коруновски, кој според обвинението го нарачал убиството на Тушевски, а во тоа му помогнал и тогашниот министер за внатрешни работи, Бошкоски.
И тогаш, како и сега, како што рече Бошкоски, обезбедувачите биле партиски кадри кои имале досиеја кои не биле за почит и во јавноста биле познати како рекетари или горили. Тушевски конкретно бил ангажиран како обезбедувач од страна на поранешната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска и Борис Трајковски.
Ниту Орце Коруновски, Ниту Тушевски немале побарано ништо конкретно од Бошкоски, никогаш лично не му се заканувале, но му праќале закани преку други лица.
Но, со оглед дека Бошкоски бил на висока позиција, вакви закани до него доаѓале и од други лица, па никогаш не ги сфатил сериозно.
Орце Коруновски го запознал преку претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, на кого Коруновски му бил лично обезбедување. Петров пак му бил кум на братот на сопругата на Љубе, Љупчо Костадинов- Сокол.
Сокол кој исто така бил активист на ВМРО-ДПМНЕ со помош на Доста Димовска отворил бар во хотел Панорама на Водно. Љубе тогаш бил против отворањето на овој бар, бидејќи ова се граничело со легален бизнис, па пратил инспекции за да биде затворен барот. По бизнисот на Сокол односите меѓу него и Коруновски биле нарушени, Коруновски му барал рекет на Сокол, му правел тепачки во барот.
Кога Бошкоски станал министер за внатрешни работи, бил скоро вратен од Хрватска во Македонија и како што рече бил како паднат од небо. За непријателските односи меѓу Тушевски и Коруновски, му раскажал тогашниот директор за јавна безбедност Пане Велев. Но, по извесно време, Велев му кажал дека тој преку службите ги смирил двете спротивставени групи.
Зоран Трајковски бил главен за организирање на неговото обезбедување, но Бошкоски тврдеше дека никогаш додека бил министер не му дал усна наредба на Трајковски.
Во својот исказ пред судот Бошкоски рече дека нему совеста му е чиста и додаде дека власта сака да го уништи. Негираше дека убил некого или помогнал да се убие некого.
Марјан Тушевски и Киро Јанев беа убиени во 2001 година, а Бошкоски се товари дека помогнал во нивното убиство и прикривањето на сторителите.
Според обвинението, убиството го нарачал токму Орце Коруновски кој, како што пишува во обвинението имал блиски односи со Бошкоски. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.