Црна хроника
Мртов маж во автомобил најден во бездна на патот Гостивар-Кичево

Возило во бездна во коешто се наоѓал мртов маж било најдено утрово околу 10 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево меѓу сепарациите.
Од СВР Тетово велат дека утрово во Полицискиот оддел за безбедност во сообраќајот било пријавено дека во бездна има машко мртво тело, по што полицијата излегла на терен и го пронашла возилото.Автомобилот „шкода октавиа“ со скопски регистерски таблици бил паднат во длабока и тешко пристапна бездна обрасната со густа трева.Се врши увид и на лице место се полициски екипи и јавен обвинител. Ќе се утврдува идентитетот на мртвиот маж и како излетало возилото од патот./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во период од шест часа казни за 232 возачи на мотоцикли на територијата на целата држава

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 232 возачи.
Од нив, 97 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
За време на контролата санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
Црна хроника
Приведени седум странски државјанки при акциска контрола во угостителски објекти во Тетовско и Гостиварско

Ноќеска во време од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с.Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој.
При контролата во објектот, затекнати биле пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години.
Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во с.Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б.(50) од с.Добридол, затекнати се две државјанки на Р.Албанија, на возраст од 33 и 36 години.
Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.
Црна хроника
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Вчера во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, еден возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, двајца возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, еден возач кок управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, еден возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени се два мотоцикли по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци“, соопшти МВР.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.