Контакт

Црна хроника

Милион денари отштета за родителите на Кметовска

Објавено пред

Судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје го осуди на условна затворска казна од една година хирургот Борче Антевски поради несовесно лекување на Наташа Кметовска девојката кој пред шест години почина од заталкан куршум на новогодишна прослава

dobivaj vesti na viber

Хирургот Борче Анетвски нема да ја одлежи казната доколку во рок од три години не стори ново кривично дело. Судот го задолжи осудениот на родителите на Кметовска да им исплати еден милион денари отштета.За случајот одговараа и лекарите Митко Караѓозов и Александар Јосифов кои добија ослободителни пресуди.Ова е втора пресуда за случајот Кметовска. Првично тројцата лекари беа осудени на условни затворски казни од една година, но пресудата ја укина Апелациониот суд. Беше наредено вештачење кое траеше неколку години.Родителите на Наташа  Кметовска, Славица и Тихомир Кметовски не се задоволни. „Воопшто не сме задоволни од висината на пресудата односно од казната. Требаше да бидат казнети, кој повеќе, кој помалку. Тројцата тврдат дека совесно ја лекувале Наташа, а Наташа почина”, вели мајката Славица Кметовска. Најавија дека нивниот адвокат повторно ќе поднесе жалба на пресудата.Против д-р Александар Јосифов, д-р Митко Караѓозов и д-р Борче Антевски Обвинителството поднесе обвинение за тешки дела против здравјето на луѓето. Во списите пишува дека тие неодговорно ја лекувале Кметовска иако знаеле за тешките последици кои можат да настапат. Не ја утврдиле локацијата на зрното во телото на девојката и ништо не сториле за да го отстранат проектилот.Прв во болница ја примил д-р Митко Караѓозов. Според лекарот биле направени две рентген снимки од кои на втората имало негативна сенка како жица , но таа снимка била третирана како грешна. Со запис за прием со посекотина ја презел Јосифов.Кметовска се пожалила на проблеми со стомакот и го повикал д-р Владо Јаневски, абдоминалец да ја прегледа. Било одлучено да се прати состојбата оти и двајцата се посомневале на болки од слепо црево или од менструален циклус. Потоа пак ја презема сега осудениот Антевски кој тврдеше во текот на судењето дека девојката се жалела на болки, но тој мислел дека е хистерична реакција или проблем со дишењето. Заминал на тешка операција и во меѓувреме Кметовска починала.  По неколку дена на лекарска комисија реагирал оти имало променета дијагноза, тврдеше на судењето д-р Борче Антевски.Наташа Кметовска три дена по новогодишната ноќ на Клиниката за торакална хирургија починала, од како што покажа обдукцијата, огнострелната повреда.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман

Објавено пред

Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.

dobivaj vesti na viber

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му

Објавено пред

Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.

dobivaj vesti na viber

Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните. 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје

Објавено пред

Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија12 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија13 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија14 часа

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија14 часа

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ14 часа

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет15 часа

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет17 часа

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет17 часа

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...

Свет18 часа

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет18 часа

„Ербас“ ги проверува авионите „А320“ поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет18 часа

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Свет19 часа

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет19 часа

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет1 ден

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија1 ден

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија1 ден

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...