Црна хроника
Бучи: За жал, самоубиства се случуваат секаде
Полицијата нема дополнителни информации за самоубиството на скопјанецот, вработен како возач во Владата, што си го одзеде животот со застрелување во главата вчера, во гаражата на Владата
Тоа што самоубиството се случило во простории на Влада на Македонија, на целиот настан му дава малку чуден тон, но такви работи, за жал се случуваат постојано и секаде, вели заменик-министерот за внатрешни работи, Џеват Бучи.„Дополнителни информации нема, истрагата е во тек“, рече заменик-министерот Бучи, по денешното потпишување Меморандум за сорабтока со невладината ЦИВИЛ за собирање на нелегалното оружје. Инаку, самоубиството на 56 – годишниот возач во Владата, се случило вчера, во патничко возило на булеварот „Илинденска“, во Скопје, со прострелна рана во главата. Министерството за внатрешни работи, првично соопшти дека Момир А. со истрел од пиштол се застрелал во главата, а кога бил пронајден, покажувал знаци на живот и бил пренесен во Ургентниот центар, каде подоцна им подлегнал на повредите.Пишштолот со кој си пукал во главата пронајден е до него во возилото, а утврдено е дека бил негов, за што поседувал и дозвола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени две лица во Кичево и Струга: возеле без положен возачки испит и со изречена забрана за управување возило
Вчера во 15:12 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.А.(42) од село Шум, струшко. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „алфа ромео“ со струшки регистарски ознаки, при што е кое констатирано дека го управувал без положен возачки испит. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено.
Вчера во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.Е.(40) од село Србица, кичевско. При сообраќајна контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки со брзина од 64 километри на час на место каде брзината е ограничена на 50 километри на час. При контролата, исто така, е констатирано дека лицето има изречено забрана за управување моторно возило од Б категорија. Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случаите против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а и член 300 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

