Црна хроника
Скопјанец фатен со 1,7 килограми хероин на Табановце
Вкупно 1.765 грама хероин биле откриени во возило на 26-годишен скопјанец, кој на втори септември се обидел преку Граничниот Премин „Табановце“ се обидел да ја напушти Македонија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи
Припадници на Единицата за борба против недозволена трговија со дрога при Одделот за организиран криминал, при извршениот претрес на возило „Алфа Ромео“, што било управувано од страна на скопјанецот, под тапацирот на покривот биле пронајдени две тенки пакувања со правоаголна форма обвиткани со селотејп, во кои биле спакувани вкупно 1.765 грама хероин, чија крајна дестинација биле земјите од Европската Унија.Како што соопштуваат од МВР, против 26-годишниот скопјанец е поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и му е одреден притвор во времетраење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

