Црна хроника
Запленети артефакти со непроценлива вредност и средновековни икони
Во саботата, царинските службеници спречија два одвоени обида за нелегално изнесување вредни артефакти и икони од и низ македонската територијата, во кои се инволвирани хрватски и грчки државјанин, потврди во понеделник Царинската управа
Околу пладне во саботата на граничниот премин Табановце, при детален преглед на автомобил „мазда”, управуван од хрватски државјанин со иницијали З.Д., пријавен за излез од државата, царинските службеници пронајдоа вкупно 569 парчиња монети, накит и фигури, за кои стручните лица на Управата за заштита на културното наследство потврдија дека се од непроценлива културна и археолошка вредност. Артефактите биле пронајдени во личниот багаж на патниците и во просторот наменет за резервни делови.Првичната проценка на стручните лица од Управата за заштита на културното наследство е дека пронајдените монети потекнуваат од 1 век римски период , 1 век од нашата ера, како и од 12 век – византиски период, додека накитот и фигурите потекнуваат од железното време, односно 6-7 век пред нашата ера. Против ова лица кои има македонско потекло е поднесена кривична пријава за обид за изнесување, односно извезување предмети под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од непроценлива вредност, а стоката е предадена на вештачење во Управата за заштита на културното наследство. Исто така во саботата, на влез во Република Македонија, царинските службеници од граничниот премин Богородица пронајдоа две непријавени икони насликани на дрвена подлога, оригинални дела на средновековната црковна уметност, изработени помеѓу 14 и 18 век, а кои претставуваат значајно културно наследство од непроценлива вредност. Иконите биле пронајдени завиткани во најлонска фолија и украсна хартија во багажниот простор на патничко моторно возило марка „алфа ромео“ со германски регистарски таблички, пријавено за транзит низ државата со крајна дестинација Германија. Возилото било управувано од лицето М.С. државјанин на Република Грција, против кого е поднесена кривична пријава за обид за криумчарење стока од значителна вредност, по што му е одредена мерка притвор, а иконите се привремено одземени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

