Европа
Повеќе илјади Британци изразија поддршка за ЕУ

Во поворки за поддршка на Европската унија одржани во саботата ширум Велика Британија, во Лондон, Бирмингем, Оксфорд и Единбург, учествуваа повеќе илјади повеќе илјади луѓе кои и покрај јунската референдумска одлука за истапување од ЕУ бараат потесна соработка на Британија со Унијата.
Во Лондон околу две илјади демонстранти околу пладнето прошетаа од Хајд Парк до Вестминстерскиот дворец носејќи ги знамињата на Европската унија и извикувајќи „Запрете го Брегзит!“ и „Потребна ни е ЕУ!“.
„Половина од земјата мисли дека излегувањето од ЕУ е лоша одлука. Не сакаме да ја напуштиме ЕУ, тоа е против текот на историјата. Всушност, повеќето од нас уште не можат да веруваат дека тоа излегување може да се случи“, вели 42-годишниот Дејвид Хилман, водач на организација за борба со сиромаштијата, алудирајќи на референдумот од 23-ти јуни на кој 52 отсто од Британците гласаа за излегување од Европската унија, пренесува AFP.
Овие протести се случија два дена пред почетокот на расправата во парламентот за интернет петицијата со којашто се бара одржување на втор референдум. Петицијата ја потпишаа повеќе од четири милиони луѓе.
Меѓутоа, сегашната премиера Тереза Меј, којашто во кампањата се заземаше за останување на Британија во ЕУ, изјави дека „втор референдум нема да има“, и дека одлуката за излегување ќе ја спроведе во дел, но временската рама за тоа уште не е донесена. Меј рече и дека на 50-от член од Лисабонскиот договор за ЕУ, кој ја уредува постапката на прекинување на врските со ЕУ, нема да се повика пред крајот на годианва, Велика Британија така ќе има период од две години за преговори за начините за излегување./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин