Црна хроника
Кривични пријави за две лица од Скопје за разбојништво

Секторот за внатрешни работи–Скопје ги откри и ги лиши од слобода лицата М.С.(19) и С.Р.(19) од Скопје и со нив целосно е расчистено едно кривично дело „разбојништво“ извршено истиот ден
При извршувањето на делото, како што соопшти МВР, лицата се стекнале со противправна имотна корист од 10.000 денари, а во тек е расчистување на уште десетина други слични дела.М.С. и С.Р. разбојништвото го извршиле вчера околу 17 часот, во автобус на ЈСП „Скопје“ број 2, кој сообраќа од Автокоманда до Сарај. Пријавените над оштетениот Г.Г.(1992) од Скопје најпрво му побарале да им даде пари, а откако тој одбил, со употреба на физичка сила – удари со шлаканици и тупаници по главата, од вратот насилно му одзеле златен ланец и на автобуската станица кај хотелот „Континентал“ го напуштиле автобусот и се упатиле кон населбата Гази Баба. По извршеното кривично дело и по преземените мерки и дејствија од страна на овластени службени лица, истата вечер околу 21 часот и 30 часот, лицата се пронајдени и приведени во ПСОН „Гази Баба“ каде го признале делото. Од С.Р. одземено е едно златно ланче и му е вратено на оштетениот.Против М.С. и С.Р. денеска ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ и по брза постапка ќе бидат изнесени пред дежурен истражен судија.По направени дополнителни проверки утринава е приведено уште едно лице за кое постојат индиции дека соработувало со двајцата осомничени и дека е инволвирано во повеќе разбојништва и кражби на подрачјето на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.