Црна хроника
Се преврте минибус- шест лица повредени
Шест лица се повредени, меѓу кои две деца, откако минибус се преврте на патот Гостивар – Кичево, кај мостот до селото Сретково, соопшти СВР Тетово.
Несреќата се случила во понеделник во 6.30 часот кога возачот изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата настрадала брачна двојка со своите две деца од Кичево, деветнаесетгодишно момче од Струга и дваесет и двегодишна жена од Кичево.
Брачната двојка со децата била примена во кичевската болница, но набргу таткото со децата биле пуштени на домашно лекување, додека жената била пренесена на клиниките во Скопје поради скршена клучна коска.
Момчето од Струга е примено во тетовската болница, додека жената во кичевската болница.
СВР Тетово уште еднаш упати апел до возачите да внимаваат на патниот правец кон Маврови анови поради голомразица, како и по долината на реката Радика поради одрони.
Компанијата „Еуро бус“, во чија сопственост било комбето, претрпело штета од 200 илјади денари./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

