Регион
Почина актерот Милан Гутовиќ
На 75 години почина српскиот актер Милан Лане Гутовиќ, познат како Шојиќ, по улогата во филмот „Тесна кожа“. Информацијата за медиумите ја потврди неговиот син.
Според информациите, актерот почина во Военомедицинската академија во Белград.
Гутовиќ пред две недели беше примен во болницата, каде беше на интензивна нега, а подоцна приклучен и на кислородна поддршка. Сите тестови
покажуваа дека актерот е негативен, но имал промени на белите дробови па докторите претпоставуваат дека се последица на претходно прележан ковид.
Српскиот актер ќе биде погребан в сабота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Потрагата по тригодишното дете во Сава во Загреб продолжува: уапсена мајката, сослушан е и сопругот
Потрагата по детето кое исчезна во Сава во Загреб продолжува и денеска. Во четвртокот, спасувачките служби го напуштија местото на настанот во вечерните часови бидејќи поради високиот водостој и слабата видливост повеќе не можеше да се пребара просторот околу реката.
Полициската управа во Загреб во четвртокот соопшти дека не се пронајдени траги. Спасувачките екипи со чамци, беспилотни летала и подводни скенери ја пребарале областа по целото течение на реката во Загреб и загрепската жупанија, пренесува Index.hr.
Потрагата започнала по повик на мајката (34) во средата околу 16.10 часот. Според сигурни извори, таа не кажала експлицитно дека го убила детето, но она што го кажала веднаш ја навело полицијата да се посомнева дека сторила кривично дело.
Таа меѓу изјавите навела дека во Сава влегла со детето во раце, а сето она што го кажала дополнително го потврдило сомнежот дека се работи за убиство на сопственото дете.
Според написите, изгледала дезориентирана, па била предадена на лекарската помош.
Полицијата врз основа на изјавите на мајката и состојбата ја исклучила можноста дека се случила несреќа во која детето паднало во реката. Облеката на мајката била мокра, што го потврдило нејзиниот престој во Сава, но исклучена е и можноста за обид за самоубиство со детето во раце.
Во еден момент, откако влегла во Сава со детето, таа очигледно го испуштила низ реката. Се уште не е јасно дали детето се удавило или веќе било убиено. Точната причина ќе ја утврди истрагата, но телото на детето се уште не е пронајдено.
Мајката беше официјално уапсена вчера и осомничена за тешко убиство. По притворот таа повторно ќе биде сослушана, овојпат пред обвинител. Семејството ангажирало адвокат кој подоцна објавил дека нема да ја застапува мајката, па таа ќе добие адвокат по службена должност.
Полицијата го испрашала и сопругот, како и неколку лица кои би можеле да помогнат во истрагата.
Брачната двојка има уште едно петгодишно дете. Мотивот на мајката што го фрлила помалото дете во реката Сава се уште не е јасен, но достапните информации укажуваат дека таа претходно била лекувана од психички проблеми, пишува медиумот.
„Вчера, 15 јануари, околу 16.10 часот, полицијата одговорила на повик од жена (34) која пријавила дека со дете во раце влегла во Сава кај мостот Јанкомир. По укажаната лекарска помош, жената е уапсена и приведена во полициските простории поради сомнение за тешко убиство на блиско лице“, соопшти загрепската полиција.
Од Хрватскиот завод за социјална работа потврдија дека семејството не било под надзор или третман на надлежен центар, ниту пак биле преземени мерки за семејно-правна заштита.
Регион
(Видео) Илјадници студенти протестираа во Подгорица
Неколку илјади демонстранти се собраа вчера во Подгорица барајќи оставка од лидерите на црногорската влада кои раководат со безбедносниот сектор, по вооружениот напад во Цетиње во кој загинаа 13 лица.
Podgorica koju volim(o). pic.twitter.com/vfLd0RW1vA
— Milan Jovanović (@imilanjovanovic) January 16, 2025
Протестот, втор по масакрот во Цетиње, го организира неформалната студентска група „Камо сутра“, а покрај барањата за оставки од министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот задолжен за безбедност Алекса Бечиќ, тие исто така бараат поажуриран пристап кон поседувањето оружје, реформа на полициските структури, враќање на граѓанското образование и подобрување на институционалниот пристап до грижа за менталното здравје.
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) January 16, 2025
Демонстрантите извикуваа „убијци“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Оставка е минимална одговорност“, „Нормален живот? и слично.
Протестите претходно беа поддржани од стотици универзитетски професори, културни и спортски работници и новинари.
Podgorica ✨️ pic.twitter.com/mNIFsAkV2M
— Kaća Ivanović 🇲🇪 (@Kaca__Ivanovic) January 16, 2025
Откако ги изнесоа своите барања пред Министерството за внатрешни работи, демонстрантите се упатија кон зградата на црногорската влада каде повикаа на 13-минутно молчење за да оддадат на 13-те жртви во трагедијата во Цетиње.
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) January 16, 2025
Ацо Мартиновиќ од Цетиње на 1 јануари уби 12 лица, меѓу кои две деца, а тешко повреди четири лица, од кои едното подоцна почина во болница.
Регион
Бугарија доби редовна влада на чело со Росен Жељазков
По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади, Бугарија доби редовна влада, на чело со Росен Жељазков.
За владата на премиерот Росен Жељазков гласаа 125 пратеници, a 114 беа против.
Пратениците ја поддржаа структурата на Советот на министри со истото мнозинство со кое го избраа Жељазков. И составот на владата доби 125 гласа „за“.
Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.