Црна хроника
Украдени околу 450 илајди евра од комбе на Стопанска банка

Непознати напаѓачи во петок напладне на излезот од Прилеп кон Битола нападнале комбе на Стопанска Банка А.Д. Битола, при што одзеле околу 450 илајди евра
Според битолската полиција, нападот го извршиле две непознати маскирани и вооружени лица, кои го пресретнале службеното возило на банката.„Им го попречиле патот, ги извадиле од возилото и на едно од двете службени лица му биле нанесени телесни повреди“ изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола. Ограбувачите го украле возилото на Стопанска Банка и избегале во непознат правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази пешакот, мотоциклистот избега.
Од МВР информираат дека денеска во полициска станица е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01 јули околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што избегал.
Од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, соопшти МВР.
Црна хроника
Возел со 2,54 промила алкохол во крвта и поминал на црвено светло: уапсен маж од Кавадаречко

Утрово во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко.
На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта.
В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Бил затекнат додека палел сува трева: уапсен кумановец

Синоќа во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на ул. „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.