Црна хроника
Кривична пријава за двајца вработени во Општина Дебар оти дозволиле дивоградба
Двајца вработени во Секторот за урбанизам во Дебар заработија кривична пријава затоа што одобриле основен проект спротивен на ДУП-от.
Како што соопшти СВР Охрид, П.П. (61) и Г.Ц. (50) двајцата од Дебар, во периодот од 17 до 30 септември 2103 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување со пречекорување границите на своето службено овластување и надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститорот И.Е. од Дебар, спротивно на условите предвидени со деталниот урбанистички план (ДУП) прифатиле и одобриле основен проект за градба на станбено деловен објект во центарот на Дебар. Со тоа, двајцата пријавени му овозможиле на инвеститорот И.Е. противправно севкупно да се стекне со имотно-финансиска корист од околу 380.515 евра.
Тоа го направиле иако увиделе дека проектот предвидува градба на станбено деловен објект со максимални димензии во површина на приземјето од 845 метри квадратни иако според деталниот урбанистички план максимално дозволена површина на објектот за посочената градежна парцела изнесувала 707 метри квадратни.
Пријавените, свесно и спротивно на одредбите од Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање, се согласиле со таквиот основен проект и потпишале дека доставената документација односно основниот проект е во согласност со ДУП. На тој начин пријавените на инвеститорот му овозможиле противправно да се стекне со имотна корист-станбено деловен простор од 959 метри квадратни или околу 335.650 евра сметано според цената на метар квадратен станбен простор.
За фактичката површина на објектот со површина од 845 метри квадратни, инвеститорот И.Е. требало да плати надоместок за уредување на градежно земјиште околу 11.995.620 денари. Наместо тоа, во согласност со пријавените, инвеститорот платил 9.243.117,оо денари што одговара на површината предвидена со Деталниот урбанистички план, каде максимално дозволена површина на објектот за посочената градежна парцела изнесува 707 метри квадратни.
По тој основ, пријавените му овозможиле на инвеститорот И.Е. противправно да се стекне со имотно-финансиска корист од околу 2.752.503,оо денари и со тој износ го оштетиле буџетот на Република Македонија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со цигла скршил стакло од прозорец и влегол да краде, го нападнал и сопственикот: истрага за разбојничка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го напушти местото.
Сопственикот на куќата го забележал и сакал да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал.
Притвор е побаран поради опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот осомничениот да го повторува делото.
Топ
Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата
МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар.
При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село во Кавадаречко.
Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко. Тешко повредени се и Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко.
Повредените се хоспитализирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
По извршениот увид, Обвинителството вчера соопшти дека несреќата се случила за време на прекенување, а двата автомобили возеле во истата насока.
Црна хроника
Тепачка поради расправија во сообраќајот во Тетово, едниот од нив со нож им се заканувал на полицајци
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(33) и М.Б.(44), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и А.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Денеска во Тетово, по претходна расправија во сообраќајот, прво и второпријавениот му ја оштетиле колата на третопријавениот, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.
Пoтоа, третопријавениот со нож упатил закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

