Свет
Копенхаген прогласен за најбезбеден град во светот
Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од „Економист интелеџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit), а рангира 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, нова категорија воведена оваа година.
Копенхаген за првпат беше прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100.
„Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија“, вели градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.
„Копенхаген исто така се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град каде и асистентот за чистење и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште “, додаде тој.
Торонто го освои второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени. Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град беше на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му се доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.
Амстердам е шести со 79,3 поени, додека Велингтон го освои седмото место со 79 поени. Мелбурн е на осмото место со 78,6 поени, а Стокхолм ги заокружи првите 10 места, со 78 поени.
Њујорк го дели 11-то место со Барселона (двата града освоија 77,8 поени). Вашингтон е на 14-то место, додека Лондон и Сан Франциско се изедначени на 15-то место.
На дното на листата се нигерискиот Лагос, египетскиот Каиро, венецуелскиот Каракас, пакистанскиот Карачи и Мјанмарскиот Јангон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борис Џонсон ја обвинува англиската црква за зголемувањето на дебелината во земјата
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека верските водачи треба да се справат со духовната празнина наместо со репарации за ропството бидејќи, како што рече, духовната празнина ги тера луѓето да јадат.
Тој ја обвини англиската црква за порастот на дебелината во Обединетото Кралство велејќи дека неуспехот на црквата да им обезбеди на луѓето духовна храна што им е потребна ги навела луѓето да се прејадуваат, пишува „Тајмс“.
Џонсон рекол дека кога бил помлад, ретко кој од неговото одделение бил дебел.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Свет
Путин повика да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е неопходно да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави (ЗНД).
Путин ова го изјави во писменото обраќање што го прочита директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, на 20. состанок на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на деветте поранешни советски републики.
„Денес, во тешки геополитички услови, вашата конструктивна интеракција е особено важна“, посочи рускиот лидер и оцени дека за да се одржи стабилна ситуација во регионот, неопходно е да се идентификуваат и анализираат заканите за колективната безбедност, да се разменат информации и искуства, пренесува „Известија“.