Црна хроника
Кривична пријава за средношколецот што го избоде соученикот

Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда против седумнаесетгодишниот С.У., ученик во гимназијата „Орце Николов“, кој вчера попладне со нож избодe двајца средношколци од гимназијата „Никола Карев“, соопшти МВР
Неофицијално, средношколецот кој извадил нож е син на поранешен висок полициски функционер, а едно од повредените деца Н.С (16) е син на началникот на Генералштабот, Мирослав Стојановски.Според првичните информации, двете групи се скарале поради кошаркарскиот натпревар што се одигруваше синоќа меѓу МЗТ Скопје – Работнички.Едната група, биле навивачи на едниот тим, а другата група го поддржувале другиот. Тешко повредениот средношколец, синот на Стојановски e во стабилна состојба.Сè уште се наоѓа на одделот за интензивна нега во специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, но од таму велат дека неговата состојба е стабилна. Другото повредено дете А.А. (17) веднаш било пуштено на домашно лекување.Двата средношколски табори се судрија во четврток околу 13 часот на улицата „Никола Тесла“.Прво настанала расправија, а потоа еден од средношколците извадил нож и еден од средношколците од спротивниот табор го прободил со еден убод, а друг средношколец со два убоди од нож.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.