Топ
Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско
Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско.
По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација.
По наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало
Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на 14-годишно момче од Битола му се слошило и паднало по што било пренесено во Клиничка болница – Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство“ – информираат од полицијата.
Надлежните извршиле увид на лице место, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото момче е дадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта.
Економија
Од полноќ намалување на цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 % во однос на одлуката од 9.5.2024 година.
Од 14.5.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 86,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 44,007 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,602 денари/кг и сега ќе изнесува 44,007 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,519 %, кај дизелот 1,252 %, кај екстра-лесното масло 1,247 % и кај „мазутот“ намалувањето е 1,663 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,151 %.
Македонија
Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет
Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација почитувајќи ги основните човекови права и слободи и во согласност со европските вредности и начела, велат од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Од тука наведуваат дека Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Во согласност со Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.
Македонските институции во последните 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатералните обврски, кои ги презеле кон земјата.