Црна хроника
Вознемирувал малолетничка – ѝ покажувал недолични фотографии и ја допирал
Триесет и шестгодишен жител на Богданци е приведен за вознемирување на малолетничка од Богданци.
Според информациите од МВР, А.Г. на малолетното девојче му покажувал фотографии со недолична содржина и ја допирал по телото.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало
Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на 14-годишно момче од Битола му се слошило и паднало по што било пренесено во Клиничка болница – Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство“ – информираат од полицијата.
Надлежните извршиле увид на лице место, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото момче е дадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта.
Црна хроника
На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра: Драма во Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „изнуда“.
На 13.10.2023 пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила го внеле В.М. во патничко возило.
Mу одзеле накит и 2.500 евра, а потоа го присилиле да земе мобилен телефон од мобилен оператор на свое име и да му го даде на пријавениот.
Црна хроника
Со четирицикл излетале во провалија: Несреќа на Шар Планина
Вчера во 15.45 часот во СВР Тетово, С.У. пријавил дека на патот од локалитетот Лешница кон Попова Шапка неговите пријатели со четирицикл паднале во провалија и не одговарале на неговите повици.
Полициски служби излегле на местото и во близина на бачилото ги затекнале С.У. и повредените Ф.Ф.(24) и С.С.(23) од Тетово и ги однеле до Попова Шапка, од каде со амбулантно возило биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде што им биле констатирани телесни повреди.