Црна хроника
Претрес во Велес, приведени двајца дилери
Приведени две лица од Велес, кај кои при претрес биле најдени дрога, оружје и други работи.
„ При претрес во домот на Л.Л.(35) и С.Т.(46), двајцата од Велес, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, куршуми калибар 6,35 мм, шприц со непозната течност, неколку дигитални ваги, пасош на име на друго лице и други предмети. Л.Л., исто така, се сомничи дека е сторител на кривично дело “разбојништво”. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.