Црна хроника
Триесет дневен притвор за осомничениот за убиството во Аеродром
Истражен судија му одреди 30-дневен притвор на осомничениот за тројното убиство скопската населба Аеродром. Осомничениот пред судијата се бранел со молчење, а му бил одреден адвокат по службена должност
етириесет иседум-годишниот Тони Денковски вечерва околу 20 часот, по распитот во полициската станица беше изведен пред истражен судија. Денковски утрово сам се пријави во полициска станица и призна дека пукал во двајцата велешани и скопјанецот.Мотив за убиството, најверојатно се нерасчистени должничко-доверителски односи, меѓу осомничениот Денковски и убиениот Јордан Јорданов, викан Ркулот, во јавноста познат по вмешаност во случајот „Франкфурт мафија“.Полицијата се уште истражува зошто настрадаа Владо Милошев и Влатко Андреевски, кој синоќа седеле на иста маса со Јорданов ако првично се знае дека цел на напаѓачот бил само Ркулот. МВР нема информации зошто во тоа друштво бил Милошев, полициски службеник кој работел во одделот за обезбедување на странски делегации. Министерката Јанкуловска најави дека ќе се истражат шпекулациите дека токму нивниот припадник бил врската меѓу подземјето и полицијата.Вчера, малку пред 20 часот, Тони Денковски влегол во „Биг фиш“, со автоматска пушка пукал кон жртвите. Јорданов почина на лице место, а двајцата на повредите им подлегнаа во Ургентниот центар. Денковски го фрлил оружјето пред рибарницата и со автомобил Опел корса избегал од местото на инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете фатено со марихуана во Карпош
Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Жена фатена додека краде во маркет во Прилеп
Вчера во 10.50 часот во маркет лоциран на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.К.(38) од прилепско. Таа била затекната при вршење на кражба во маркетот. Украденото е одземено и вратено на сопственикот.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Три скопјанки нападнати од нивните сопрузи во домовите и на автобуска постојка
Полицијата информираше за три случаи на семејно насилство што се случиле во едно деноноќие на територијата на Скопје.
Се работи за жени на возраст од 30, 31 и 42 години, кои биле жртви на семејно насилство во своите домови и на автобуска постојка.
Во првиот случај, 30-годишна жена пријавила дека на 21 ноември околу 02.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.С.(41).
Истиот ден во 15 часот, 42-годишна жена во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Т.(47). Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во третиот случај, 31-годишна жена, пријавила дека на автобуската постојка во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.З.(33), со кој одреден период биле разделени, а при нападот и го скршил и мобилниот телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.