Црна хроника
Кривични пријави за посредниците на лажна работа во Дубаи
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за измама против директорот на фирмата „Нахил – инвест“ и неговата соработничка од Куманово, за измама на повеќе од 400 македонски граѓани на кои им ветил работа во Дубаи и ги оштетил за 120 илјади евра, соопшти МВР.
Директорот на фимрмата заедно со неговата соработничка неколку месеци наназад на интернет страницата „најди работа“ нуделе работа за градежништво, архитектура и хотелски работници во Дубаи. Кумановката закажувала интервјуа со граѓаните кои биле заинтересирани за работа, а за услугата требало да платат одредени средства на жиро сметката на фирмата. Босанскиот државјанин не е достапен за полицијата, а неговата соработничка е на распит во МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.