Црна хроника
Почина гостиварката која во петокот ја застрела сопругот

Четириесет и едно годишната гостиварка која во петокот беше застралана од својот сопруг, утрово починала на Клиниката за неврохирургија во Скопје
Лекарите не успеале да ги санираат тешките повреди на главата кои ги здоби откако нејзиниот сопруг во петокот утрото пукаше во неа во кругот на Гостиварската болница. Истражниот судија од гостиварскиот суд, наредил обдукција на телото, по што точно ќе се знае под кои околности настапила смртта.Нејзиниот 47-годишен сопруг кој потоа се самозастрела, се’ уште е хоспитализиран во Кома центарот при скопскиот Клинички центар, од каде велат дека неговата состојба е критична и лекарите се борат за неговиот живот.Според досегашбните сознанија на полицијата, Б.Д. 47-годишен такстист од Гостивар околу 10 часот утрото во петок ја застрела својата 41-годишна сопруга Д.Д. во дворот на болницата. Набрзо потоа се обидел да се самоубие на самото место, но не му пошло од рака, па заминал во домот каде дестина минути си испукал куршум во слепочоницата.Двајцата сопружници претходно имале вербална расправија, по што сопругот наеднаш ја турнал на земја сопругата и го извадил пиштолот што го носел во појасот а го поседувал без дозвола.Двајцата зад себе имале по еден брак и три деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени двајца турски државјани на Деве Баир, на увид приложиле фалсификувани зелени картони за возилата што ги управувале

Вчера вечер, во 20:10 часот и денеска во 00:10 часот по полноќ, на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 46-годишниот Ш.А. и 39-годишниот Џ.К., двајцата од Република Турција.
При гранична проверка и контрола на товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал Ш.А., било констатирано дека меѓународните зелени карти, кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, при гранична проверка и контрола на товарното возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал Џ.К., било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот О.С. од Сојузна Република Германија.
При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник со електричен тротинет удрил во пешак на „Партизанска“, со тешки повреди пренесен во болница

Тешко повреден пешак на велосипедска патека во Скопје, во него удрил електричен тротинет.
Според информациите на МВР, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.