Црна хроника
Обвинителството го чека МВР за да покрене постапка за ноќниот инцидент на Кале
Не е вообичаено обвинителството само да ги гледа снимките и да го утврдува идентитетот на лицата кои учествуваа во ноќниот инцидент на Кале, вели скопскиот јавен обвинител Марко Зврлевски, на прашање дали обвинителството само може да покрене постапка за расчистување на тој инцидент
„Ние за ноќниот инцидент можеме, но во овој момент немаме можности да лоцираме кој лица учествувале. Доколку министерство за внатрешни работи кое работи на случајот, ги идентификува лицата и поднесе пријава ние ќе постапиме и по самата пријава. Не е вообичаено ние сами да ги гледаме снимките и да утврдуваме идентитет, сепак има средства и начин на кој може да се утврдува идентитетот на одредени лица“ вели Зврлевски.Во врска со тепачката на Кале кога се судрија двете групи „за“ и „против“ изградбата објектот на Кале, Зврлевски вели дека е поднесено барање за истрага за одредени лица и по завршувањето на истрагата, обвинителството ќе донело мериторна одлука.„Од страна на МВР е поднесена кривична пријава во два наврати за 60 лица, тие сите се осомничени. Пред истражниот судија е поднесено барање за спроведување на постапка на определени истражни дејствија, и по завршувањето на дејствијата ќе донесеме мериторна одлука“, вели Зврлевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција, криумчарел мигранти
Денеска во 04.00 часот кај село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Претрес во Кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.